Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека во Македонија доминира британскиот сој на коронавирусот, и нема опасност од преовладување на јужноафриканскиот или бразилскиот сој.
Јужноафрикански сој бил откриен кај пациент од Делчево во месец март, кој работел како возач и патувал. Но, Филипче вели ова е поединечен случај.
„Нема тенденција, другите соеви да бидат подоминантни од британскиот сој. Тоа би се случило ако јужноафриканскиот или бразилскиот би биле полесно преносливи од британскиот, но за сега не е така,“ рече Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денеска ќе пристигнат 38.000 вакцини „АстраЗенека“, а утре 100.000 од „Синофарм“
Кај пациент од Делчево бил откриен јужноафрикански сој на коронавирусот во март
Фото: Photo by Mufid Majnun on Unsplash