еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Нови забавни инстант лозови од Државна лотарија: „Остров на скриеното богатство“ и „Бинго“

Државна лотарија ја збогатува палетата на инстант лотаријата со два нови инстант лоза за подолготрајна забава, информираат од таму.

“Трагачите по забава, добивки и возбуда ги очекува нова авантуристичка игра во потрага по скриеното богатство. Сè што треба да направите е да ги следите стрелките на полето за гребење, во форма на мапа. Потрагата е забавна, а гребењето во правец на стрелките може да ве одведе до главната премија од 1.000.000 денари (5 х 1.000.000 денари), или други бројни паричи добивки.

За сите љубители на играта на среќа бинго, Државна лотарија подготви инстант лоз со име „Бинго“. Со Државна лотарија, оваа забавна игра на среќа, за првпат се најде на инстант лоз. Сега може буквално „да се изгребе“ бинго.

На лозот има два посебни дела за гребење: поле со бинго броеви (по левата страна), коешто содржи 24 броја (1 до 90), а по десната страна на лозот се 4 бинго комбинации (со по 3 линии).

Поклопувањето на 15 од изгребаните бинго броеви со сите броеви во една од комбинациите од по три линии, значи бинго добивка, а сумата на бинго добивката е испишана над секоја од 4-те комбинации.

Покрај премиите на поединечните бинго комбинации во вредност од 600.000 денари (х 6), 120.000 денари (х 10), 60.000 денари (х 20) и 30.000 денари (х 50), може да бидат освоени уште две категории добивки – две линии и линија, како и кај редовната бинго игра.

Веруваме дека љубителите на играта бинго, брзо ќе го прифатат овој инстант лоз, бидејќи начинот на игра е добро познат и многу забавен.

Со овие два инстант лоза, преку потрага по скриеното богатство и откривање бинго броеви. Државна лотарија ја збогатува можноста за добивки, а за љубителите на инстант лотаријата, нуди подолготрагна забава“, велат од Државна лотарија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По две децении Филхармонија добива шеф –диргент и го најави повеќегодишното спонзорство со НЛБ Банка и Mastercard

Редакција

dm drogerie markt донираше повеќе од 360 илјади денари на одделот за урологија при Градската општа болница „8. Септември“ во Скопје!

Редакција

ЕВН наградена за унапредување на човековите права во бизнисот

Редакција