еМагазин
Image default
Македонија

Ја посетив Украина за да дадам лична и институционална поддршка, вели Џафери

Претседателот на Собранието Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите уште еднаш ја потврди општата определба на државата да ја поддржи Украина и украинскиот народ, при што напомена дека физичкото присуство во оваа држава значи и лична, но и институционална поддршка на напорите на ункраинските институции да го врати мирот и контролата врз целата своја територија.

Тој напомена дека како Собрание ќе размислат за дефинирање на состојбите во Укриана по однос на злоделата кои што се направени таму.

– Во Украина отидов на покана на претседателот на Врховната Рада, Руслан Стефанчук. Во комуникација со Украинската амбасада во Скопје првично беше планирано да се патува од 21 до 24, но поради голем број на делегации беше поместено од 25 до вчера.

Патувањето се одвиваше комбинирано со авион до Варшава, до границата со моторни возила и потоа до Киев со специјален воз воспоставен за странски делегации кои ја посетуваат Украина. Зоната во која што се движевме е надвор од воените дејствија и намерата беше на лице место да се видат последиците од тие дејствија, изјави Џафери по брифингот со новинарите.

Тој додаде дека како држава сме приклучени кон сите мерки и обврски кои ги презема Европската Унија како поддршка на Украина. Затоа, како што рече, подготвеноста за поддршка од кој било аспект не е само личен став на претседателот на Собранието, туку е обврска на државата која е членка на НАТО и кандидат за влез во Европската Унија.

– Мислам дека како Собрание треба да размислиме за дефинирање на состојбите во Укриана по однос на злоделата кои што се направени таму. Ќе бидеме во координација со другите чинители во државата за да се иницира резолуција или декларација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Џафери во Украина: Ова е геноцид и ништо друго

МИА/Фото: Фејсбук/Џафери

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 во Македонија починале повеќе мажи, над 60 години, со претходни заболувања

Редакција

Мал број ученици се заболени од Ковид-19, вели Филипче

Редакција

Филипче не се оптоварува со најавената реконструкција на Владата

Редакција