еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ДУИ е за предвремени парламентарни избори, но во април 2024, заедно со претседателските

За мене во првите 100 дена од оваа Влада најважното е стабилноста. Во тешки времиња за нашата земја и за регионот и светот, граѓаните бараат Влада што е стабилна, има нагласнео парнерство со НАТО, со ЕУ и со САД. Влада која раководи со прогресивна коалиција и одговара на потребите на граѓаните, а не владина коалиција раководена од една партија, што смета дека руската агресија во Украина е легитимна и правилна.

Ова го нагласи првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби во излагањето на денешниот форум „100 дена од мандатот на новата Влада на Република Северна Македонија”.

ДУИ, како учесник во оваа коалиција, информира Груби, смета дека предвремени парламентарни избори може да се одржат во април 2024 година, заедно со претседателските избори.

– ДУИ како дел од оваа коалиција го поддржува силно парламентарното мнозинство и владината коалиција и овде сме да ги реализираме овие проекти. На граѓаните не им требаат авантури, им треба одговрна, социјална Влада, која ги слуша граѓаните и ги реализира нивните барања, е порака што ја упати Груби на денешниот Форум.

Според првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, оваа Влада не сака Северна Македонија да отстапи од НАТО и од ЕУ, да ги наруши односите со Косово, не признавајќи ја независноста на Косово, да ги наруши односите со Република Албанија и односите со нашиот сосед Грција, нарушувајќи го Преспанскиот договор, како и нарушувајќи ги односите со Република Бугарија укинувајќи го Договорот за добрососедство, но и да ги наруши односите меѓу Албанците, Македонците, Ромите, Турците, Србите, Власите, Бошњаците, но и сите граѓаните во нашата земја, укинувајќи го мировниот Охридски договор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски му одговори на Мицкоски: Уцени не прифаќам, нема потреба од средба за избори

Мицкоски му даде рок на Ковачевски до 10. мај за да се договорат за датум за предвремени избори, ако одбие „ќе следат сериозни и досега непреземени чекори“

МИА/Фото: МИА/ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На судењето на тројцата гинеколози од Струшката болница, Веапоска на која по грешка и извадија три органи побара одземање на нивните лиценци

Редакција

Се уште не е пронајдено момчето кое исчезна во водите на Вардар кај неготинско Пепелиште

Редакција

Наставниците заслужуваат повеќе: Тешко до квалитетно образование со плата под просекот

Редакција