еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

На судењето на тројцата гинеколози од Струшката болница, Веапоска на која по грешка и извадија три органи побара одземање на нивните лиценци

Со исказ на медицинската сестра, која учествувала во лекувањето на родилката Јилдиз Веапоска од Дебар, на која и беа отстранети три органи по породувањето со царски рез во Струшката болница, во Основниот суд во Струга денеска продолжи судењето против тројцата лекари, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска.

Следното рочиште е закажано за 21 јуни, кога тројца вештаци од Институтот за судска медицина, по барање на јавниот обвинител преку вкрстено испрашување ќе изнесат наоди од судското вештачење.

Медицинската сестра, која денеска даде исказ на барање на одбраната, раскажа за критичниот ден, од утринската визита кај пациентката се до влегувањето во сала за операција.

Оштетената Веапоска, која остана без матка, јајник и бубрег, во изјава за медиумите кажа дека исказот на медицинската сестра не бил целосно точен и оти таа барала да ја пуштат, но не да си оди дома, туку да ја однесе сопругот во болница во Скопје.

– Јас барав да си одам, но не да одам дома, туку да дојде мојот сопруг да ме земе и да ме однесе во Скопје или било во која болница за да види што се случува со мене, рече Веапоска.

Го повика министерот за здравство да реагира и за нејзиниот случај, за одземање на лиценците за работа на обвинетите доктори.

Адвокатот на Веапоска, Сашо Јанев очекува со исказите на судските вештаци да се расчистат сите дилеми по однос на тоа што се случувало за време на оперативниот зафат и оти многу работи ќе станеле појасни.

– Одбраната има доставено свои медицински вештачења кои се косат со вештачењето од судска медицина. Тука предвидлив исход на одлуката на судот ќе биде да се обезбеди супер вештачење што ќе ја обремени постапката. Подготвени сме и за тоа, бидеќи знаеме што се случувало за време на операцијата и знаеме кој ќе биде конечниот исход на оваа постапка, изјави Јанев по завршувањето на рочиштето.

Сведочењето на медицинската сестра, според него, нема ниту да помогне ниту да одмогне во постапката и оти исказите на судските вептаци ќе бидат важни.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не сакаме да бидеме параван во тендери за гас што фаворизираат една компанија, велат од Макпетрол

Редакција

Ќе има „тепачка“ за субвенции: Пари има за само 900 возила

Редакција

„Вардарградба“ го доби тендерот на Општина Центар за реконструкција на улица „Орце Николов“ вреден 1,2 милиони евра

Редакција