еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Како да ја корегирате или потврдите годишната даночна пријава за УЈП

Од Управата за јавни приходи (УЈП) вчера информираа дека на 31 мај истекува рокот за потврдување или корегирање на годишната даночна пријава.

По истекот на овој рок, годишните даночни пријави ќе бидат конечни.

За да можете да ја потврдите или да ја корегирате Вашата годишната даночна пријава се логирате на Вашиот кориснички профил.

На Вашиот кориснички профил се регистрирате ОВДЕ.

Доколку сте ја заборавиле лозинката од вашиот профил, кликнете на заборавена лозинка и ќе Ви се појави опција за да направите нова.

Кога ќе влезете во Вашиот кориснички профил, ќе ја видете пресметката на УЈП.

-Доколку службеното лице не ја одобри корегираната даночна пријава ќе се донесе решение за утврдување на данокот на личен доход за 2022 година.

Кај обврзниците во чија ГДП се појавува обврска за доплата на данок, по добивањето на конечниот статус на ГДП (по 31 мај 2023), ќе се изгенерира налог за доплата, кој се наоѓа во самата даночна пријава, а кај обврзниците во чија ГДП се појавува повеќе платен данок, може да искажат барање за враќање на данокот во самата пријава, соопштија од УЈП.

Од таму апелираа до граѓаните кои оствариле доход во земјата и странство во вид на пари, хартии од вредност, натура или друг вид, а се уште не се регистрирале на системот е-Персонален данок, истото да го сторат во најкраток можен рок имајќи ги предвид бројните придобивки на користењето на системот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Градски енергетски системи вработува директор и раководители: Плати до 61.000 денари

Редакција

Нови 1.174 случаи на Ковид-19 од 4.598 тестирања

Редакција

Еуромакс Ресоурсис: Надлежните институции без одлагање да овозможат реализација на најголемата странска инвестиција

Редакција