еМагазин
Image default
Македонија

Филипче не се оптоварува со најавената реконструкција на Владата

Министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарски прашања дали би можел да се најде во реконструкцијата на Владата, вели дека за тоа прашање допрва треба да се разговара и оти не се оптоварува дали ќе биде опфатен од најавената реконструкција.

– Треба да работи, да остане да работи тој којшто се пронаоѓа себе си во министерската работа без разлика за кој ресор, тој којшто покажал резултати. Евидентни се критериумите за успех во работата, и тоа го прави премиерот.

Така што не се оптеретувам со тој дел. Сепак сме фокусирани во овој дел што е значајно менаџирање на ова што сега сите не оптеретува, а тоа е пандемијата, рече Филипче.

Тој вели дека во тие политички процеси се разговара и со партиите за парламентарното мнозинство, така што, вели, тој процес ќе трае.

Вчера вицепремиерот за економски прашања, кој е и потпретседател на СДСМ, Фатмир Битиќи најави реконструкција на Владата со смена на шест до седум министри.

– Во нашето општество скоро е невозможно да имате премиер различен од претседател на носечката партија освен ако нема техничка или експертска влада. Сега следува консолидација на партијата и понатаму нов мандатар за нова влада.

Сметам дека наскоро ќе добиеме „Заев 3“ влада, повторно предводена од Заев со тоа што ќе се сменат шест, седум министри. Мислам дека тој ни треба за да продолжат некои процеси, изјави Битиќи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наскоро ќе добиеме нова Влада преводена од Заев, а шест-седум министри ќе бидат сменети, најави вицепремиерот Битиќи

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарското МНР „загрижено“, оти Македонија донесе закон со кој забранува здруженија да користат имиња поврзани со фашизмот

Редакција

Жан Митрев: Не се сомневам во истражната постапка само барам ова психичко малтретирање да заврши

Редакција

Убава вест: Утрово не се регистрирани нови заболени пациенти со корона вирусот

Редакција