еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Ново поскапување на дизелот за 3 денари

Од полноќ ќе има ново поскапување на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство.

Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи дизелот да поскапи за три денари, а Екстра лесното масло за домаќинство за два денари.

Цените на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 остануваат непроменети.

Според оваа најнова одлука, дизелот ќе се продава по цена од 103,5 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство за 99 денари за литар.

Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 останува 89 ден/лит, а на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 91 ден/литар. Малопродажната цена на мазутот ќе изнесува 51,920 ден/кг.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Директорот на Витаминка, Сашо Наумоски стана почесен конзул на Украина во Македонија

Редакција

Од 2 до 12. јануари нови правила за влез во Црна Гора

Редакција

Владата преку измени на Тарифникот да ги намали цените на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност, велат од АСО

Редакција