еМагазин
Image default
Спорт

Ново раководство на АФМ предводено од Александра Војнеска Зикова

Минатиот петок се одржа вонредното Собрание на Атлетската федерација на Македонија (АФМ), на кое се изгласа нов претседател и нов Извршен одбор.

По изгласаната недоверба на претходното раководство, предводено од Крсто Серафимовски, за нов претседател на АФМ е избрана Александра Војнеска Зикова од атлетскиот клуб Работнички.

Вонредното Собрание беше свикано по барање на Иницијативниот одбор коj го сочинуваа 14 атлетски клубови.

Како нови членови на Извршниот Одбор беа изгласани: Александра Војнеска Зикова, АК Работнички – Скопје, Ивица Јовановски, АК Скок – Куманово, Ана Крстевска, АК Пролет – Скопје, Елизабета Вучкова, АК 7-ми Мај – Скопје, Игор Јакимовски, АК Делта – Скопје, Рахман Алија, АК Лириа – Скопје, Филип Колевски, АК Куманово – Куманово, Љупчо Ѓорѓиев, АК Изгрев – Велес, Ване Стојанов, АК Струмица – Струмица, Кокан Ајановски, АК Нике Рун Клуб, Скопје и Тони Ангелов, АК Брегалница – Штип.

Со очекувања на фер и транспарентен однос кон останатите членови на Собранието и клубовите, Aтлетската федерација им посакува успешна работа на новите членови, со што се надева на значаен придонес кон подобрување на македонската атлетика.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонската фудбалска репрезентација изгуби од Холандија

Редакција

(Видео) Играчи на Арсенал вмешани со скандал со дрогирање

Редакција

Во Охрид се снима спот за историскиот пласман на македонската фудбалска репрезентација на Европско првенство

Редакција