еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Новороденче и неговата мајка од Штип позитивни на коронавирусот

Новороденче и неговата мајка се позитивни на коронавирусот. Надлежните од Центарот за јавно здравје информираат дека откако новороденчето појавило симптоми е испратено во болницата во Козле во Скопје, а каде е подложено на испитување и лекување.

Новороденчето и неговата мајка биле на Одделот за неонаталогија, гинекологија и акушерство, во периодот, кога една од медицинските сестри е заразена и е ставена во изолација.

Но, остантите шест новороденчиња и нивните мајки се добри и немаат никакви симптоми на коронавирусот. Затоа во текот на денешниот ден се прават епидемиолошки анкети, со цел да се утврди од каде новороденчето и родилката се инфицирале.

Не се исклучува можноста изворот на заразата да не е од овој оддел, затоа што останатите не се позитивни на Ковид-19.

Штип денеска во здравствениот билтен е со вкупно 15 новозразени, инаку станува збор за лица, кои се инфицирале по контактите со веќе активните случаи од конфекциите или другите познати кластери. 

МИА/Фото: Општина Штип

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шест новозаболени од Ковид-19 во Куманово

Заразени од корона вирусот 7 медицински лица од гинеколошкото одделение во прилепската болница, уште 9 во изолација

Детален преглед по скопски општини: Чаир рекордер по заболени од корона вирусот, растат бројките во Аеродром и Карпош

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени наградите „Никола Младенов 2021“

Редакција

Детален преглед по болниците: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 836 пациенти од Ковид-19

Редакција

Блок 1 на РЕК Битола попладнево ставен во функција

Редакција