еМагазин
Image default
Македонија

Обвинителство: Се уште нема осомничени за тројното убиство во Дебар

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, по извршениот увид по убиството на тричленото семејство – маж, жена и нивната 14-годишна ќерка, наредил телата да бидат дадени на обдукција.

Како што соопштија од Јавното обвинителство на РМ, издадена е наредба и за вештачење на сите траги и материјални докази пронајдени на самото место во семејната куќа во Дебар каде што, според првичните сознанија, било извршено убиството.

Земени се и парафински ракавици и извршен е претрес во домовите на неколку лица со кои жртвите во последниот период поинтензивно контактирале, но се уште нема осомничен извршител на кривичното дело.

Дополнително, ќе бидат детално сослушани сите лица кои ги познавале жртвите и кои би можеле да помогнат за расветлување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Малинка Ристевска-Јорданова: Пратениците Македонци беа надгласани, опасен преседан, подржан од ЕУ

Редакција

Еврејската заедница во Македонија реагира за маската на Хитлер на Струмичкиот карневал

Редакција

Кај децата до 9 години, бројот на заболени од Ковид-19 зголемен за 14,4%

Редакција