еМагазин во серијал Ви пренесе каков имот до Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) пријавиле членовите на новата македонска Влада.
Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Бетиќи беше опоменат од ДКСК, дека оваа законска обврска не ја исполнил во предвидениот рок од 30 дена од стапување на функцијата, па досега неможевме да го објавивме и неговиот анкетен лист.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавила министерката за култура Стефоска, која беше опомената од Антикорупциска
Вицепремиерот Битиќи и министерката Стефоска не поднеле анкетни листови
Каков имот пријавил Фатмир Бетиќи
Според неговиот анкетен лист тој поседува куќа од 343 метри квадратни, проценета на 17,2 милиони денари.
Вози автомобил од брендот Фолксваген, а сопругата Мерцедес.
Има и два кредити од по 1,5 и 3 милиони денари, а и двата треба да ги отплати до 2040 година.
На име на сопругата пријавил сопственички удел, но не навел каде.
Целиот негов анкетен лист ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Благој Бочварски, министерот за транспорт и врски
Каков имот пријавил вицепремиерот Љупчо Николовски
Каков имот пријавил министерот за здравство, Венко Филипче
Каков имот пријавила министерката Радмила Шекеринска
Фото: Фејсбук/Битиќи