еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Жителите на Русиново се простија од младата Верица и порачаа нејзината хуманост да не се заборави од институциите

Хуманоста на семејството на трагично загинатата Верица Белчовска да биде институционално наградена. Ова е пораката на жителите на село Русиново кои денеска низ солзи во очите простувајќи се од својата сограѓанка, уште еднаш го поздравија хуманиот чин на семејството Белчовски, кое несебично се реши да ги донира органите на својата ќерка и да спаси многу човечки животи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Верица Белчовска, чии органи досега спасија три животи, во Струмица каде на пешачки ја удри возило дошла за подобар живот

(Фото) Сакаме да спасиме животи, така ќе живее и мојата сестра, порача братот на девојката-донатор на која и се поклонува Македонија

– За помош треба помош, знаеме во какви услови живееме сите во Македонија, но институтциите треба да си го направат своето. Селаните поддршка ќе дадат, тешко дека некој се радува на ова, скраја да е, штета за девојчето, но сепак граѓаните не можат сами да помогнат, тоа мора да го направат институциите, истакна Софија Буровска, жителка на село Русиново.

Жико Милошовски од Русиново, додаде дека и самите жители се подготвени да им помогнат на семејството Белчовски.

– Мислам оти нашето село е хумано село и ќе има помош за семејството. Белчовски се семејство домаќини, одговорни за работа беа досега. Цело село им оддава поддршка, од утрово одат на црква, изразуваат поддршка. Сите во таа незгода им се заблагодаруваат што ги подарија органите, вели Милошовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Верица го продолжи животот на син ми, вели таткото на момчето кому му беше трансплантирано срце

Помош и институционална поддршка очекуваат и роднините на Белчовски.

– Тоа е голема хуманост која ќе спаси многу живот, 10 души ќе спаси, но неа ја нема, ќе живее срцето во друго момче, истакнаа од семејството. Финансиски секој може да помогне, веќе ако решиле Македонија е голема и може да помогне пошто сите се невработени, велат од семејството.

Според дел од жителите, на семејството Белчовски и досега требало да му биде овозможено поголема помош.

– Помошта како што слушаме била потребна од претходно, сега откако отиде девојчето мислам дека е џабе. Може да е некоја утеха за нивните родители тие донации, ама тоа не се враќа и добро е што се согласија да се донираат органите, многу редок и хуман чин, вели низ солзи жител на селото.

Од општината најавија иницијатива за одржување итна седница на Совет на која ќе се побара финансиска поддршка за семејството Белчовски, а во понатамошниот период и ќе се инсистира на разговори на повисоко ниво како институционално да биде зајакната таа поддршка.

На испраќањето на младата Верица кон нејзиното вечно почивалиште денеска присуствуваше делегација од општината со градоначалникот Звонко Пекевски, кои заедно со останатите жители и оддадоа почит за големата жртва која неа и нејзиното семејство ги издигнуваат на највиоското скалило на пиедесталот на заслужни хумани граѓани.

МИА/Фото: МИА/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одбраната на Рашковски денеска дава завршни зборови за „Софтвери“

Редакција

Ако станам премиер ќе го екстрадирам Груевски во Македонија, најави лидерот на унгарската опозиција, Петер Марки-Зај

Редакција

(Видео+фото) “Кермес“ оживеа: Почна Фестивалот на светлината – Skopje Light Festival

Редакција