еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Одбраната на Рашковски денеска дава завршни зборови за „Софтвери“

Одбраната на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, во Основниот Кривичен суд Скопје денеска дава завршни зборови за случајот „Софтвери“ во кој Рашковски е обвинет за „злоупотреба на службена положба и овластување” и „перење пари и други приноси од казниво дело”.

Според обвинението, првообвинетиот, Рашковски, не ги извршил службените должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на АНПР камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

Рашковски е обвинет за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“, а лицата Ивица Димитровски, Игор Христов, Даниел Станчев, Ирена Ивановска, Игор Ивановски и Маја Силјаноска се обвинети за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Случајот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешковски уапсен во Софија

Редакција

Кривична за Миленко Неделковски за ширење говор на омра за пожарите во Грција

Редакција

Основците нема да учат во саботи, ако треба ќе се продолжи учебната година

Редакција