Времето утре ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд кои пообилни ќе бидат во југоисточните делови од земјава, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Од сабота ќе настапи стабилизација на времето со пораст на дневната температура.
За време на викендот ќе биде пооблачно и ветровито, а од понеделник ќе има повеќе сончеви периоди, информираат од УХМР.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.