еМагазин
Image default
Македонија

Ревакцинирани вкупно 756.176, трета доза примиле 982 граѓани

Во текот на вчерашниот ден и во вторникот аплицирани се вкупно 9.307 дози вакцини, од кои 1.830 се аплицирани како прва доза, 7.281 се ревакцинирани, а 196 граѓани примиле трета доза вакцина, информираат од Министерство за здравство.

„Заклучно со 13 октомври вкупно се вакцинирани 797.214 граѓани, ревакцинирани се 756.176, а трета доза примиле 982 граѓани. 53% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47% , а со две дози опфатени се 45% од граѓаните над 18 години.

Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина,“ се вели во соопштението.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наставата ќе почне со физичко присуство

Редакција

Заедничка вежба на Македонија, САД и Албанија во Скопје од 20 август до 1 септември

Редакција

На 76-годишна жена ѝ нашле пиштол во куфер на летот за Цирих, изјавила дека е на нејзиниот син и заборавила дека е во куферот

Редакција