еМагазин
Image default
Македонија

Заедничка вежба на Македонија, САД и Албанија во Скопје од 20 август до 1 септември

Владата на денешната седница донесе Одлука за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Македонија заради учество на заедничка обука и вежба „Joint Combined Exercise Training – 23“, соопшти владината прес-служба.

Заедничката обука и вежба „Joint Combined Exercise Training – 23“ е дел од Планот за билатерална соработка за 2023 година помеѓу Министерството за одбрана на Македонија и Министерство за национална одбрана на Соединетите Американски Држави.

Специјалните сили на Армијата на Македонија со 12 припадници учесници на активноста, во период од 20 август до 1 септември 2023 година активно ќе учествува во подготовките и изведувањето на заедничката обука и вежба „Joint Combined Exercise Training – 23“ на територијата на Македонија.

На вежбата е предвидено учество на 10 припадници од специјалните сили на вооружените сили на САД и 12 припадници на вооружените сили на Албанија, со вооружување, опрема, моторни возила и материјално – технички средства.

Локација за учество на вежбата ќе бидат полигоните за обука и стрелиштата за изведување на гаѓања во касарните „Илинден“ – Скопје, „Страшо Пинџур“ – Петровец и „Ѓорче Петров“ – Скопје.

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведени десет лица меѓу кои и полицајци и царинарници во полициската акција во Куманово, Скопје и Тетово

Редакција

Нов раст: 639 нови случаи на Ковид-19 од 5.390 тестирања

Редакција

73% помалку заболени од сезонски грип во однос на лани

Редакција