еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Денеска облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни

Претежно облачно време со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи се очекуваат во текот на денешниот ден.

Локално, според прогнозата на синоптичарите, ќе наврнат и над 15 литри на метар квадратен. На планините на северозапад ќе врне снег.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната од 10 до 17 степени.

Во Скопје слично време со дожд и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Во вторник се уште ќе има врнежи од дожд, понекаде проследени со грмежи, но ќе бидат полокализирани.

Преодна стабилизација со пораст на дневната температура се очекува кон средина на неделата, а веќе кон крајот на работната недела се најавуваат нови врнежи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драстична промена: Од попладне облачно со дожд и снег

Редакција

Подгответе се за невреме следните денови: Oбилни врнежи, силен ветер и град

Редакција

Апликацијата AirCare доби забрана од „Гугл“ да известува за корона вирусот

Редакција