еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Времето денеска облачно, студено и ветровито

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а попладне во западните делови со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Кон крајот на денот од запад ќе се прошири нова облачност од која преку ноќта ќе започнат поинтензивни врнежи од дожд.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно, студено и ветровито. Од вечерните часови ќе биде облачно и преку ноќта со појава на повремен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 13 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека попладне во западните делови ќе има појава на локален дожд. Во текот на ноќта од запад со зголемената облачност ќе се прошират врнежи кои до изутрина ќе се прошират во поголемиот дел од земјата, а на југот ќе бидат пообилни.

Пообилни врнежи ќе има и во четврток, кога поради спуштање на студена воздушна маса, на планините особено во западните делови ќе врне снег, а понекаде и на повисоките места дождот ќе преминува во снег.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Пендаровски: Нерешено со светскиот шампион во бодибилдинг

Редакција

(Фото) Бидна и свадбата на екс министерот Николовски, чест му направи и Заев

Редакција

На 82-годишна возраст почина професорот Ѓорѓи Марјановиќ

Редакција