еМагазин
Image default
Македонија

Обвинетиот Спиро Ристовски треба да даде исказ за настаните од 27 април

По двомесечни одложувања на рочишта за „организаторите на 27 април” денеска во Кривичниот суд Скопје, предвидено е исказ да даде обвинетиот Спиро Ристовски.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението на денешното рочиште е обвинителката Катерина Коларовска.

Последното рочиште за овој случај беше одржано на 25 март.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ: Димовски, Митески и Јанакиески се уапсени од политички мотиви

Редакција

Сведок во „Рекет“: Во домот на Боки 13 доаѓаа Богоев, Филипче, Кирацовски…

Редакција

Нови 80 случаи со Ковид-19 од 680 тестирања, најмногу во Скопје 54

Редакција