еМагазин
Image default
Македонија

Обвинителот Рустеми задоволен од пресудата за „Топлик”

Јавниот обвинител Бурим Рустеми, во својство на застапник на обвинението за случајот „Топлик”,  жалба, како што најави, најверојатно ќе поднесе за пресудата против лицето Димитар Димовски, кој од Кривичниот суд – Скопје, денеска беше осуден на условна казна од две години затвор ако во следните пет години не стори ново кривично дело.

– Генерално сум задоволен од казната на обвинетите, освен што сметам дека најверојатно можам да се жалам за еден од обвинетите за кој не сум задоволен од изречената казна – тоа е лицето Димитар Димовски, затоа што видно од изведените докази сметам дека тој имал значајна одговорност во кривично-правниот настан.

Тоа произлегува од дел на исказите на сведоците кои наведуваат дека од негова страна и од страна на првообвинетиот доживеале притисок во нивната работа, рече обвинителот Рустеми.

Адвокатот на третообвинетиот Димовски, (заменик претседател на Комисијата за јавно надавање во Министерството за транспорт и врски), Панчо Тошковски најави дека ќе поднесе жалба на денешната пресуда, наведувајќи дека, како што рече, македонското судство денес го допре дното.

– Денеска се потврди како секој еден човек во Република Македонија за кое било дејствие што ќе го преземе во својот живот доколку има соодветни инструкции во рамки на одредени дејствија на крајот на денот може да се најде на осудителна клупа и да биде осуден без разлика дали е виновен или не за она што го направил, без разлика дали има штета или нема штета, без разлика дали во кривичната постапка дојде оштетен и кажа дека јас сум оштетен во оваа постапка, без разлика дали јавниот обвинител има законско овластување да ја води постапката или нема, изјави адвокат Тошковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Миле Јанакиески осуден на три и пол години затвор во случајот “Топлик”

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Неправедно е што Македонија мора да трпи одлагања, изјави унгарската претседателка Новак

Редакција

Заев: Немам закажано средба со Борисов

Редакција

Филипче: Влегуваме во есенски бран, нема да дозволам колегите да клекнат на колена од замор

Редакција