Обвинителството поднесе жалба на ослободителната пресуда за Груевски за „Талир 2„

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе жалба за ослободителната пресуда за случајот “Талир 2“, кој го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство, информираа од таму.

Пред неколку недели за случајот во кој е обвинет и поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, Основниот кривичен суд Скопје, донесе ослободителна пресуда за него.

Тој е обвинет за незаконската изградба на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.

Случајот застарува на крајот на август, а Судот одлучи и да нема конфискација на седиштето на партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски доби ослободителна пресуда за случајот „Талир 2“, нема конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести