еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Од „Беса транс“ демантираат дека во автобусот што изгоре во Бугарија се шверцувала нафта или пиротехника

Туристичката агенција „Беса транс“- Скопје на својот Фејсбук-профил објави дека нивниот автобус кој изгоре во сообраќајната несреќа не шверцувал бензин или пиротехника и апелира до медиумите да не се шират шпекулации што ќе ѝ наштетат на истрагата.

-Како агенција ги информираме семејствата на починатите и повредените во трагедијата дека автобусот во никој случај немал багаж за шверц на нафта, бензин или пиротехнички средства.

Сите овие шпекулации се злонамерни.

Вкупниот капацитет на автобусот беше 450-500 литри нафта за самиот автобус, а во никој случај немаше резерва за шверцерски цели. Уште еднаш ги замолуваме медиумите да не ги користат овие дезинформации, објави Агенцијата на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не го евидентирале излезот на автобусот на “Беса транс“ од државата: Двајца царинарници суспендирани, санкции и за раководителот

„Беса транс“ остана без лиценца за работа

Се огласија од „Беса транс“: Компанијата во целост соработува со надлежните институции

„Беса Транс“ имала важечка лиценца за превоз, седиште и е во Ќустендил, а на адресата се регистрирани уште 23 фирми

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривичен суд: Не се исполнети условите за екстрадиција на Морина во Србија

Редакција

Хелсиншкиот комитет и Млади правници нудат бесплатна правна помош за граѓаните кои ќе пријават проблеми со здравствениот систем

Редакција

Акциите на Комерцијална банка со најголем пораст меѓу компаниите од МБИ10 во првите три месеци од 2021 година

Редакција