еМагазин
Image default
Балкан

Од денеска полициски час и без музика на Закинтос и во градот Ханија на Крит

Поради влошената епидемиолошка состојба и зголемениот број нови случаи на Ковид-19, а по препорака од надлежната комисија, грчкиот остров Закинтос и градот Ханија на Крит од денеска влегуваат во црвената зона и се воведува полициски час и забрана за музика во угостителските објекти, јави дописничката на МИА од Атина.

Мерките ќе бидат во сила една седмица, односно до 13 август 2021 година, а полицискиот час ќе биде од 1 часот по полноќ до 6 часот наутро, додека пак музиката ќе биде забранета во текот на целиот ден.

Дополнително, како што соопштија од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција, забрането е организирање на секаков вид собири на над 20 лица во приватни простори, во спротивно, предвидени се казни од 50.000 до 200.000 евра.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Карантинот во Грција ќе биде продолжен до 6 декември

Редакција

Уште тројца вработени во грчката железница кривично се гонат за несреќата во Грција

Редакција

Нова демократија и неизлезноста победија во вториот круг од локалните избори во Грција

Редакција