еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Лидерот на „Има таков народ“, Трифонов реагира оти Бугарија испратила помош за пожарите во Македонија

Лидерот на партијата „Има таков народ“, Слави Трифонов, која победи на последните парламентарни избори во Бугарија, на Фејсбук реагира за 25-те бугарски пожарникари и трите противпожарни возила, кои Бугарија ги испрати како помош за пожарите во Македонија, кои ја загрозуваат и нејзината територија.

“Прекрасно е да си солидарен, но не мислам дека кога истовремено горат твојата и куќата на соседот, ти треба да заминеш да го гаснеш пожарот на соседот. Одлично е што и помагаме на Северна Македонија, и така е правилно, но до што води тоа? Кај нас пожарникарите не се доволи и со пожарите треба да се справуваат шумските службеници“, напиша меѓудругото Трифонов.

Пожарникарите од Бугарија учествуваат во борбата против пожарот кај Пехчево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожарот кај Пехчево се шири кон Бугарија

Бугарија испраќа во Македонија 25 пожарникари, 3 противпожарни и 2 амбулантни возила

Фото: Фејсбук/Трифонов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Запознајте го Рептил од другата страна: Посакуван работодавач на силно конкурентниот македонски пазар

Редакција

„Макпетрол“ самоиницијативно ги намали цените на горивата

Редакција

Драматичен раст: 325 нови случаи на Ковид-19 од 5.959 тестирања, најмногу во Скопје и Тетово

Редакција