еМагазин
Image default
Бизнис

Од денеска започнува исплатата на јулските пензии

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска 27 јули (вторник) започна етапната исплата на јулските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот Ковид-19.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.07.2021 година (вторник).

За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.07.2021 година (среда).

За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 29.07.2021 година (четврток).

За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 30.07.2021 година (петок).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 27 јули (вторник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Донесен ребалансот на Буџетот

Редакција

Македонија меѓу државите кои се најзависни од рускиот гас

Редакција

Град Скопје поднесе кривична за цементарницата Усје

Редакција