еМагазин
Image default
Македонија

Од градинка во Велес украдена сета храна наменета за оброци на 1.260 деца

Разбојници ја ограбиле централната кујна на детската градинка Димче Мирчев во Велес, пренесува телевизијата Телма.

Грабежот е пријавен утрово, а разбојниците најверојатно „работеле“ преку цел викенд и ја однеле сета храна наменета за оброци на 1.260 деца, кои се запишани во сите објекти на градинката.

Телевизијата објави дека крадците го скршиле прозорецот и влегле преку магацинскиот простор во подрумот каде се сместени котлите за парно греење.

-Веднаш го исклучиле видео надзорот, со што автоматски се исклучува и алармот. Однесено е се што имало како храна за потребите на градинката. Украдени се 10 пакети зејтин, 100 килограми брашно, шеќер, целата сол е изнесена, украдени се и месни и млечни производи.

Од фрижидерите е украден сиот кашкавал и сето сирење и млеко, вели за Телма, Маја Велиновска, директорка на градинката.

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не оди во притвор: Јакимовски ќе остане без пасош

Редакција

Имавме два хакерски напади на системот за попишување, но успешно се одбиени, вели Симовски

Редакција

Алтернатива нема да учествува во работната група за измени на Уставот

Редакција