Од компликации од Ковид-19 денеска почина директорот на јавното комунално претпријатие „Пролетер“ во Ресен, Музафер Мурати.
Од коронавирусот се лекувал десеттина дена, а починал во болнички услови во една од скопските клиники.
Пораки со сочуство за загубата на својот пријател, колега и соработник до семејството и блиските испраќаат вработените во претпријатието, колеги, соработници…
– Општина Ресен денеска со неизмерно чувство на тага ја прими веста за ненадејната и прерана смрт на директорот на ЈКП „Пролетер“ и долгогодишен соработник и пријател, Музафер Мурати.
Градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски и сите вработени искрено сочувствуваат со семејството. Загубивме колега, пријател и голем професионалец, стои во прошталната порака на Општина Ресен.
Од компликации од Ковид-19 пред само четири дена почина и радиологот Поликсена Стојановска – Ѓоргиевска од Здравствениот дом во Ресен.
МИА