еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Светиот архирејски синод на МПЦ-ОА ги поздрави одлуките на помесните цркви за признавање на нејзината автокфалност и за евхаристиско и канонско општење

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, на својата редовна седница во работен состав, одржана на 21 февруари 2023 година, разгледа повеќе прашања од црковниот живот и односите со Помесните Православни Цркви и ги поздравува одлуките на оние кои Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија во меѓувреме ја признаа како автокефална Црква или ја примија во евхаристиско и канонско општење, информираат од таму.

„Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија е чувар на нејзиниот Уставен поредок и норми кои што се однесуваат на нејзиното уставно име МПЦ – ОА и нејзиниот автокефален статус и се раководи по светите канони, догми, Светото писмо и Светото предание.

Поглаварот и архијереите – членови на Синодот на Светата Македонска Православна Црква категорично ги чуваат, одржуваат и не се откажуваат од нив.

Светиот Синод на МПЦ – ОА, наоѓајќи се пред Светата четириесетница (Великиот Пост) ги повикува своите верни чеда на взаемно простување и им го благословува постот, за достојно да го пречекаме Светлото Христово воскресение,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Митрополит Тимотеј: Го очекуваме доаѓањето на вселенскиот патријарх и доделувањето на томосот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО: За 20% е намалена смртноста од Ковид-19

Редакција

(Фото) Велигденска забава во Зоолошката градина: Лемурите „се кршеа“ со јајца

Редакција

За еден ден: Драстичен раст на бројот на заболени со корона вирусот во Грција на 190 лица

Редакција