еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО: За 20% е намалена смртноста од Ковид-19

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), во периодот од 15 до 21 февруари смртноста во светот од Ковид-19 е намалена за 20 отсто во однос на претходниот еднонеделен просек.

Тенденцијата на намалување на смртноста трае веќе шест недели по ред, се наведува во редовниот неделен извештај на СЗО.

Падот на зачестеноста од заразување со коронавирусот е посебно видлив во земјите од Северна и Јужна Америка (19 проценти), западниот Пацифик (девет отсто) и во Европа (седум проценти), а намалување на смртноста е регистрирано во Африка (20 отсто) и во југоисточна Азија (шест проценти).

Во Северна и Јужна Америка во изминатите седум дена се потврдени околу 1,06 милиони новозаразени и над 34.000 починати, а во Европа над 939.000 нови случаи на инфекција со коронавирусот и повеќе од 24.000 починати лица.

Бројот на новозаразени се зголеми во текот на изминатата недела во САД и изнесува над 480.000, а на второ место се наоѓа Бразил со повеќе од 316.000 нови случаи на Ковид-19.

Во изминатите седум дена во Франција се евидентирани околу 131.000 новозаразени, во Русија над 92.000, во Индија повеќе од 86.000, Велика Британија над 78.000, Шведска околу 65.000 и во Иран речиси 55.000 инфицирани луѓе.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Запознајте ги членовите на ДИК: Која е Дитмире Шеху

Редакција

Трошоците за здравствени усуги во 2020 зголемени за 5,7% во однос на 2019

Редакција

МВР добило информација од Интерпол за повици за самоубиствата на деца на „Тик Ток“ и апелира за внимателност

Редакција