еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МВР добило информација од Интерпол за повици за самоубиствата на деца на „Тик Ток“ и апелира за внимателност

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека од страна на Интерпол е добиена информација дека на профили на социјалната мрежа „Тик Ток“ во Русија и Израел се забележани повици за самоповредување на малолетни лица.

„МВР апелира до граѓаните, особено до родителите да обрнат внимание на активностите на своите деца на социјалните мрежи.

Спорeд досегашните сознанија, вакви повици нема од профили на наша територија ниту од околните држави, но апелираме на будност и надзор со цел да се избегнат било какви несакани случувања,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Предупредување од Интерпол: Нов предизвик на социјалните мрежи – групно самоубиство на млади луѓе

Смртоносни предизвици на „Тик-Ток“, родители отворете ги очите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грција ја продолжи забраната за авионско, железничко и копнено поврзување со Македонија до 31 јули

Редакција

Татко и деветгодишен син убиени во Слупчане

Редакција

„Ние од простоќа ќе фатиме коронавирус, од ништо друго“: Твитер реакции

Редакција