Министерство за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа регистрирани се девет починати лица од Ковид-19: 3 починати лица од Крива Паланка (67г, 73г, и 81г), 2 лица од Скопје (71г, и 77г) и по едно починато лице од Битола (75г), Кочани (78г), Пробиштип (66г), и Тетово (67г).
Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, се пријавени 8 починати лица со датум на смрт од 24.10.2021 до 13.11.2021.
Регистрирани се починати лица од Скопје (2), Велес (2), Гевгелија (1), Крива Паланка (1), Кочани (1) и Тетово (1). Починатите лица се на возраст од 66-94г, од кои 5 лица се починати во домашни услови, а 3 лица се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на починати е 7.354.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови 524 случаи на Ковид-19 од 3.126 тестирања, бројката на активни е 8.271
Убава вест: Оздравени 565 болни од Ковид-19
Фото: МЗ