еМагазин
Image default
Македонија

Од недела следи промена на времето, температурите ќе паднат за шест до осум степени

Позначителна промена на времето се очекува од недела попладне и пад на температурите за шест до осум степени во понеделник и вторник.

До недела според УХМР ќе се задржи топло време, а утре во попладневните часови претежно на запад ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи. Позначителна промена на времето ќе има од недела попладне кога прво ќе се зголеми облачноста и ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, понекаде и појава на град, особено во северните делови.

Во недела преку ноќта и понеделник во поголемиот дел од земјава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер, а понекаде врнежите ќе бидат пообилни, со поинтензивни процеси и во форма на невреме.

Во вторник ќе преовладува променливо облачно време со засилен северозападен ветер.

Во понеделник и вторник, дневната температура ќе опадне за шест до осум степени, а оваа промена особено ќе се почувствува на северот и на повисоките места.

Во случај на појава на електрични празнења од УХМР препорачуваат поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нотарската комора ги демантира изнесените реакции против нотари во писмото од Амбасадата на Австрија

Редакција

Пендаровски: Беспредметно е да разговараме дали постои македонскиот јазик

Редакција

Груевски: Ниту сум организирал, ниту сум дал согласност некој да организира насилен упад во Собранието

Редакција