еМагазин
Image default
Свет

Oсум илјади тужби против Монсанто во САД

Компанијата Баер соопшти дека бројот на американски тужби против Монсанто, кој неодамна го презеде, се зголеми од 5.200 на околу 8.000, откако на Moнсанто му било наредено да плати отштета поради тоа што не предупредил за наводни ризици од рак од препарати за уништувањее коров на база на глифосфати.

„Бројот на тужители во парници пред државните судови, како и пред федералните, беше околу 8.000 на крајот од јули. Таа бројка може да расте или да опадне со текот на времето, а нашата позиција е дека тој број не е валиден индикатор за валидноста на парниците што се покренати“, рече извршниот директор Вернер Бауман.

Акциите на Баер загубија повеќе од 10 отсто од вредноста, откако Монсанто на 10 август, во првата парница од повеќе од илјада во САД, мора да плати 289 милиони долари за отштета поради препаратите против коров на база на глифосфати како што се Roundup и Ranger Pro.

Бауман потврди дека „пресудата на поротата не е во согласност со научно засновани заклучоци на надлежни регулаторни органи” и додаде дека побарувачката за производи базирани на глифосат останува висока.

МИА/Фото:nationofchange

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бомба пред домот на милијардерот Џорџ Сорос

Никола Осило

(ВИДЕО) Најмалку 40 загинати во напад во две џамии во Нов Зеланд

Редакција

(Видео) Вооружен напад во синагога во САД, убиени најмалку осум лица

Никола Осило