еМагазин
Image default
Македонија

Од невладината на Боки 13 велат дека не се измамници

Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски (Боки 13), кој е еден од осомничените во случајот на Јавното обвинителство, „Рекет“ денеска се огласи со соопштение, кое е потпишано од потпретседателката Јасна Ерцеговиќ, а во врска со како што наведува во истото „неоснованите и тенденциозни шпекулации кои се пласираат во медиумите и на социјалните мрежи“.

„Во интерес на остварување на целите Меѓународен сојуз (МС) стапи во соработка и склучени се договори со две реномирани домашни друштва. На тој начин за прв пат во Македонија е создадено приватно невладино партнерство.

Паричните средства пристигнати на сметките на координаторите на проектите се искористени исклучиво за остварување на целите на МС и исполнување на договорите склучени со партнерите.

Потенцираме дека хонорарот пристигнат на сметката на Л.Т. еден од координаторите и идеен творец на проектот веќе беше предмет на истрага на Финансовата полиција и ОЈО по што се утврди дека трансакцијата е во рамките на позитивните законски прописи на РСМ и истрагата е сопрена.

Временското одлагање и доцнењето на остварувањето на целите на Меѓународен сојуз е исклучиво од објективни причини а никако по вина на МС и координаторите на проектите.

До денот на издавање на ова соопштение ниту еден член на МС или лице поврзано на кој било начин со МС не е повикано од органите на прогонот на РСМ а заради наводно незаконито работење“, се наведува во соопштението од Меѓународен сојуз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ременски: Немам ништо против Обвинителството да ја испита мојата функција во невладината на Боки 13

Заев за средбата со Боки 13: Состанокот беше за отворање на старечки домови

Боки 13 е најголемиот „рекетар“ во Македонија? Нема други?

Фото: Фејсбук/Боки 13

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕУ ќе ја понижи Бугарија за зелено светло за Македонија и сето тоа е поради лошата надворешна политика на Радев, вели Борисов

Редакција

Се огласија од „Беса транс“: Компанијата во целост соработува со надлежните институции

Редакција

Горан Милевски реизбран за лидер на ЛДП, порача дека нема да го подржи предлог законот за амнестија

Редакција