еМагазин
Image default
Локално

Од струен удар почина вработен во рудник во Радовиш

На 13.03.2019 во 14.20 часот во Полициска станица Радовиш од Итна медицинска помош било пријавено дека вработен во рудник во Радовиш, А.Р.(59) од село Воиславци, додека изведувал работи на трафостаница го удрил струен удар, по што починал, информира МВР.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител, трудов инспектор, инспектори од Државен инспекторат за електрика и опрема во рударството и екипа на Полициската станица Радовиш. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанка ограбила стружанец во тоалет на кафана

Редакција

Нападнал професор на Универзитет во Струга и му го зел мобилниот

Редакција

Во Скопје ќе има дочек на Новата година, еве кој сè ќе настапи

Редакција