еМагазин
Image default
Бизнис

Од утре не е потребен ковид сертификат за влез од Македонија во Бугарија

Од утре, лицата кои пристигнуваат од Македонија, Турција, Романија, Србија, Унгарија, Полска, Чешката Република, Словачка, Израел и Египет при влез во Бугарија веќе не се обврзани да поседуваат дигитален ковид сертификат.

Одлуката ја донесе бугарската министерка за здравство проф. Асена Шербезова, со наредба издадена денеска.

Наредбата, исто така, наведува дека трупите на НАТО кои учествуваат во меѓународни вежби и мултинационални контингенти и придружници на цивили, исто така, не се обврзани да презентираат дигитален ЕУ ковид сертификат за вакцинација, прележана болест или негативен тест, или слични документи што ги содржат истите податоци.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Европа“ ја зголеми добивката за 111,5%

Редакција

Членот на УО, Ќире Ицев купи акции во Алкалоид

Редакција

Вратени три пратки овошје од Русија поради заразеност од инсекти од друг вид

Редакција