Заради интерес на медиумите кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека советот за оценка на обвинителениот акт поднесен од Основно јавно обвинителство, а во јавноста познат како „Моќник“ против 13 лица, донесе решение со кое приговорите на обвинетите се одбиваат како неосновани, а обвинителниот акт се одобрува во целост, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.
„Предметот кој е оформен по одобрениот обвинителниот акт согласно АКМИС – системот ќе биде распределен кај судија за понатамошно судење и по насрочување на главната расправа странките и јавноста ќе бидат дополнително известени“, информираат од судот.
Инаку, според обвинението за овој случај пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, татко му и поранешниот претседател на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев, заеднички издејствувале за 100 денари од квадратен метар да се продаде објектот во кој биле сместени администрацијата и градоначалникот на општина Пласница.
Во случајот се инволвирани уште 10 лица кои биле вклучени во продажбата на објект во с. Ижишта – општина Македонски Брод, кој го користела општина Пласница.
Фото: ВМРО-ДПМНЕ