еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

По случувањата со Договорот од Преспа во Македонија, Мицотакис вели дека договорите се однесуваат на државите, а не на владите

Договорите се однесуваат на држави, а не на влади, потенцираше грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за телевизијата „Мега“, во однос на последните случувања кај нас и Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис уште еднаш го повтори неговиот став дека од моментот кога Договорот е ратификуван, тие ќе го спроведуваат.

-И покрај слабостите што ги посочив во Договорот, никогаш никого не измамив и од почетокот кажав дека од моментот кога овој Договор ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент, должен сум да го спроведам и многу внимателно да го следам неговото спроведување, рече Мицотакис.

Додаде дека „токму со следењето на овој процес е поврзано“ прашањето за тоа кога во Парламентот ќе бидат донесени за ратификација трите меморандуми со нашата земја.

На коментарот на новинарката дека „досега немаше проблеми во Северна Македонија“ и сепак не беа ставени на дневен ред, Мицотакис кусо одговори дека тоа, ќе го оценат тие во соодветно време.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата, порачуваат од Грција

Преспанскиот е реалност која не ни се допаѓа и сакаме да ја промениме, но ако не ја почитуваме ќе имаме проблеми со институциите, вели Мицкоски

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Избори: Се гласа за прв претседател на Северна Македонија, петти на државата

Редакција

Исклучена јавноста од „Рекет“, се презентираат материјални докази за обраната на Јанева

Редакција

Папата дојде откако се залетавме кон НАТО: Лицимерие на Ватикан или закрила на Западот?

Редакција