еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Одбиено барањето на Ѓоковиќ за американска виза, не може да настапи на Индијан Велс и Мајами

Најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ, нема да може да настапи на претстојните турнири во Индијан Велс и Мајами, откако неговото барање за влез во САД е одбиено, јавија денеска американските медиуми.

Турнирот во Мајами почнува на 19 март и ќе трае до 2 април, а директорот Џејмс Блејк, поднел петиција да биде направен исклучок од правилата за Ѓоковиќ, со тврдење дека од доаѓањето на најдобриот светски тенисер ќе има голема економска корист.

Ѓоковиќ не може да влезе во САД, бидејќи е невакциниран против Kовид-19, а правилата за влез во САД со кои се забранува влез на навакцинирани истекуваат на 11. мај.

Фото: Инстаграм/Ѓоковиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Лукоил“ го доби тендерот на Народната банка за набавка на горива вреден 40.000 евра

Редакција

(Видео) СДСМ и ДУИ се договорија за нова Влада: Зоран Заев ќе биде премиер

Редакција

(Фото) Граѓаните вознемирени од непознати броеви од странство, Ременски се сомнева на разузнавачка операција

Редакција