еМагазин
Image default
Македонија

Одделението за физикална терапија во велешката болница повторно пренаменето во ковид-одделение

Поради скоро целосно исполнување на постоечките капацитети со Ковид-19, од денеска во велешката Општа болница повторно во функција е пуштен одделот за Физикална терапија, кој ќе биде ковид одделение.

Располага со 25 болнички кревети и засега во него не се хоспитализирани пациенти, информира за МИА, д-р Божидар Бојаџиев.

Бојаџиев ја оценува состојбата со ковид-пациентите како критична и алармантна, со се поголем број тешки случаи на кои им е потребна дополнителна нега.

-Капацитетите се повеќе се исполнети и затоа моравме повторно да ги приспособиме како ковид сместувачки капацитет, одделението за Физикална медицина.

Посебно загрижува тоа што се’ повеќе имаме пациенти кои се тешки случаи со Ковид-19 и на кои им е потребно посебна нега, а ние немаме доволно медицински кадар и тој што го имаме е преморен.

Поради се поголемиот број на пациенти дневно се троши и до еден тон кислород во боци, информира д-р Бојаџиев.

Според него, на кислородна поддршка денеска се 48 пациенти.

Согласно вчерашната одлука на Општинскиот штаб за заштита и спасување е одлучено при транспортот на боците со кислород здравствените работници при истовар да добијат помош од вработени во ЈКП „Дервен“.

Во велешката Општа болница денеска се хоспитализирани 98 пациенти од кои 89 позитивни на Ковид-19, 5 сомнителни и 4 со негативен брис, но задржани на болничко лекување, информира портпаролот, д-р Елеонора Јованова.

Испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест.

За Скопје во болницата „Жан Мирев“ е транспортиран потежок случај, маж на 58 годишна возраст.

Почината е пациентка на 52-годишна возраст од село Раштани позитивна, лекувана еден ден на Интерното одделение.

На Инфективното одделение има 51 пациент, а капацитетот е 54 кревети, во Модуларната со 47 кревети има 41 пациент и на Интерно Б крак има шест пациенти сомнителни или со тешки последици по прележан Ковид-19.

МИА/Фото: Општина Велес

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државна ревизија констатирала неправилности во работата на Државниот инспекторат за труд

Редакција

Детален преглед на состојбата со заразени од Ковид-19 по македонските болници

Редакција

Алијанса за Албанците и Алтернатива денеска ќе маршираат за демократија

Редакција