еМагазин
Image default
Македонија

Одделението за кардиологија во Клиничката болница во Штип повторно почна со работа

Работењето на одделението за кардиологија во штипската Клиничка болница се нормализира.

Oд денеска лекарите и здравствените работници се враќаат на работа и почнуваат со работа и прием на пациенти. Пациентите од целиот источен регион сега нема да одат на Клиниката за кардиологија во Скопје.

Директорот на Клиничка болница – Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека по тестирањето на вработените, кои седум дена беа во изолација, само еден вработен покажал дека е позитивен на коронавирусот, додека останатите имаат негативни тестови.

– Додека на одделот за Физикална терапија за пациентите во моментов се грижи општ лекар и медицинските сестри. Во текот на денешниот ден, или утре треба да потпишeме договор за да доаѓа специјалист од Скопје на одделението, кој двапати во неделата ќе доаѓа на ова одделение, вели Ѓеорѓијев.

Околу 40 здравствени работници од штипската Клиничка болница денеска ја примаат руската вакцина Спутник В во Скопје.

Во ковид – центарот хоспитализирани се вкупно 37 пациенти, од кои 33 на инфективниот оддел, а четворица на одделот за aнестезиологија.

На кислориодна поддршка се 19 пациенти, а двајца пациенти на возраст од 68 години од Кочани и 79 години од Штип починаа во болнички услови.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Намалување од 39,7%: За една недела 2.076 нови случаи на Ковид-19

Редакција

Сведок во „Таргет-Тврдина“: Пристап до прислушуваните броеви имаа Мијалков, Грујевски и Николиќ

Редакција

Пендаровски: Потребен ни е нов, широк национален и државен консензус за развој поддржан од власта и опозицијата

Редакција