еМагазин
Image default
Македонија

Одделот за неврологија во гостиварската болница се отвора за болни од Ковид-19

Зголемениот број на заразени со корона вирусот во гостиварскиот регион ја принуди управата на болницата „Ферид Мурад“ да ги зголеми капацитетите за сместување на болни од Ковид-19 на одделот за неврологија.

На располагање  ќе бидат ставени и дваесетина здравствени работници и дваесет болнички кревети.

– Имајќи ја предвид алармантната состојба од зголемувањето на бројот на заболени од вирусот Ковид-19 во Гостивар, директорот на болницата и координативната група, донесоа одлука како центар на Ковид-19 да биде и одделот за неврологија.

Од денес во функција ќе бидат над 20 болнички кревети и над 20 здравствени работници, поточно лекари и технички здравствен персонал кои во секој момент ќе бидат на услуга на пациентите, стои во соопштението од болницата.

Освен на инфективното одделение, поранешната хемодијализа, од минатата недела, пациенти со ковид се хоспитализираат и во дел од интерното одделение.

Во текот на вчерашниот ден по извршените тестирања, во гостиварскиот регион од почетокот на пандемијата беа регистрирани рекордни 94 случаи на Ковид-19, а 52 за оздравени.

Покрај апелот за почитување на мерките, од болничката управа посочуваат на важноста да не се прават посети на болните кои лежат на одделенијата.

– Апелираме да се избегнуваат посети на хоспитализираните пациенти. За специјалистички-консултативни прегледи, прво да се посети матичниот лекар и само за итни случаи да се бараат болнички услуги.

Почитувајте го медицинскиот персонал кој дава се од себе и се бори во моментот со невидлив непријател. Само на овој начин можеме прво да се заштитиме себеси, нашето семејство, роднините и општеството, се наведува во соопштението.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фросина Ременски именувана за конзул на Македонија во Венеција

Редакција

Борел вели дека за Македонија нема пречки за приклучување во ЕУ, билатералните прашања немало да го одредат процесот на приклучувањето

Редакција

Историјата да не биде единствен критериум за членство на Македонија во ЕУ, вели Петков од „Продолжуваме со промената“

Редакција