еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Одлична вест: Голем дел од клиниките обезбедени со заштитни маски испечатени на 3D принтери

Во изминативе два дена екипата на иницијативата за печатење медицинска опрема работи со полна пареа. Целата иницијатива започна со неколку 3D принтери, а моментално се работи со над 50. Со ова темпо планот е да се изработат најмалку 6.000 заштитни маски со визири во најкраток можен рок.

Во текот на вчерашниот ден беа доставени околу 500 маски во следниве институции: ЈЗУ Урологија, ЈЗУ УГАК, Институт за трансфузиона медицина, ЈЗУ Гастроентерохепатологија, Клинички Лаборатории, ЈЗУ Хематологија, ЈЗУ ОРЛ, ЈЗУ Кардиологија, ЈЗУ Неврологија, ЈЗУ Неврохирургија, ЈЗУ Радиологија ЈЗУ Онкологија, ЈЗУ Пулмологија, ТБЦ Институт, ЈЗУ Дигестивна хирургија, ЈЗУ Торакална хирургија, Општа Болница Куманово и Итна Помош Куманово.

“Покрај готови маски материјал за работа е испртен до сите помали производствени групи по градовите низ државата. Планот за текот на утрешниот ден е да се завршат сите јавни здравствени установи во Скопје и согласно со ресурсите да продолжиме и реализираме што повеќе јавни здравствени установи низ цела Македонија.

Во целиот процес нема да бидат изоставени и матичните лекари и колку што сме во можност ќе помогнеме и кај приватните здравствени установи“, велат инцијаторите.

Иницијативата на facebook групата: facebook.com.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Браво: Компанијата “Ипринт“ од Прилеп почна со изработка на заштитен штит за лице

(Видео) Д-р Жан Митрев советува како против корона вирусот: „Маските на отворено не се никаква заштита“

(Фото) По иницијатива на дизајн-сцената се изработуваат заштитни маски со визири за медицинските работници

Браво: Доставени првите 300 заштитни маски со визири за медицинските работници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Ако собереме уште две вета ЕУ ќе ни даде ќебе Отекс со доплата од само 299 денари“: Твитер реакции за блокадата од Бугарија

Редакција

ЈП „Паркови и зеленило“ вработува, плата до 26.759 денари

Редакција

(Видео) Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јаулески го запали „францускиот предлог“ на собраниската говорница

Редакција