еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Одлични резултати на „Алкалоид“: Добивка од 14 милиони евра и 212 нови вработувања

„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – декември 2018 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех, информираат од компанијата.

Според единечниот Биланс на успех, во периодот јануари – декември, продажбите достигнуваат 7.506.114.294 денари, што е за 8% повеќе во споредба со истиот период од минатата година.

Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 1.478.890.871 денари, бележи зголемување од околу 13%, единечната нето добивка изнесува 848.199.257 денари и истата е зголемена за 11%.

Во периодот јануари – декември, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 9.783.285.973 денари, што е за 8% повеќе во споредба со истиот период од минатата година.

Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемени за 4%, додека вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 10%, надминувајќи за прв пат износ од 100 милиони евра.

Гледано по групи на производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби, најголемо учество заземаат производите од сегментот Фармација и тоа 85%. Од нив поголем удел имаат ОТЦ препаратите со 22%, Кардиолошките препарати со 17%, Антибиотиците со 14%, Невролошките препарати заземаат 13% од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот Хемија, Козметика и Билкарство учествува со 15% во вкупните консолидирани продажби или поточно Хемија учествува со 3%, Козметика со 9% и Билкарство учествува со 3%.

Консолидираната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која достигнува 1.555.516.762 денари бележи раст од 10%, додека нето консолидираната добивка во износ од 862.410.928 денари е зголемена за 7%.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – декември 2018 година изнесуваат 1.081.736.913 денари што е претставува зголемување за 26% во однос на истиот период од 2017 година.

Во периодот јануари – декември 2018 година во Алкалоид се реализирани 212 нови вработувања во Република Северна Македонија, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Алкалоид“ ги освојува пазарите во Полска, Унгарија, САД, Чешка…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шефот на протокол кој поднел оставка, бил избран за амбасадор на почетокот од годинава, вели Османи

Редакција

Македонија на 57. место: Индекс на медиумска слобода на Репортери без граници

Редакција

Кво вадис Македонијо: Сатанисти убиваат животни, ученици се фрлаат низ прозор, градоначалници шверцуваат…

Редакција