еМагазин
Image default
Македонија

Одложена контраверзната посета на косовскиот заменик-министер за правда на Скопје

Посетата на косовскиот заменик министер за правда, Блерим Салаху на Скопје е одложена, потврдија за МИА од Министерството за правда во Скопје.

Салаху требаше да го посети затворот „Идризово“ и да оствари средба со раководството на установата.

Вчера заменик-министерот за правда, Агим Нухиу потврди за МИА дека денеска ќе има средба со неговиот косовски колега Блерим Салаху, но демантираше дека е предвидена средба со осудените косовски државјани во случајот „Диво Насеље“.

Премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, меѓу другите точки за влез на Алтернатива во Владата, договорија и меѓународен мониторинг на случаите „Диво насеље“, „Монструм“, „Алфа“, „Алмир Алиу“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заменик-министерот за правда Нухиу демантира дека косовскиот заменик-министер за правда ќе има средба со осудените во „Диво насеље“

Косовскиот заменик-министер за правда најави посета на осудените за „Диво насеље“

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тројца починати од Ковид-19, сите со коморбидитет

Редакција

(Галерија) Силјановска се поклони пред гробот на Св. Кирил во Рим

Редакција

Со испитување на вештакот Јакуп Мамути продолжи судењето за несреќата кај Ласкарци

Редакција