еМагазин
Image default
Македонија

Одлуката за изборите ќе зависи од ставот на Владата за вонредната состојба

До петок ќе се знае ставот на Владата за вонредната состојба кој заедно со мислењето на Комисијата за заразни болести, ќе бидат одлучувачки за датумот за одржување на изборите, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.

„Ставот на ДУИ се заснова на два основни принципа, тие се констатнтни. Првиот принцип е дека здравјето на граѓаните е пред кој било друг општествен процес и второ дека консензусот е важен за одржување на избори. Ги следиме на дневна основа епидемиолошките текови.

Мој став е дека треба да чекаме до петок кога завршува вонредната состојба за да направиме пресек на трендовите, да го видиме мислењето на Комисијата и врз ознова на тоа да ја донесеме одлуката за вонредната состојба.

Вонредната состојба ќе влијае директно на изборите. Така што ќе почекаме до петок каков ќе биде ставот на Владата за вонредната состојба,“ одговори Османи на новинарско прашање дали останува 5 јули за датум за одржување на изборите.

Согласно одлуката на претседателот Стево Пендаровски постојната вонредна состојба во времетраење од 14 дена, истекува на 14 јуни.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пад од 7%: За една недела 6.361 нови случаи на Ковид-19

Редакција

Во март финале за случајот „ТНТ“ на СЈО

Редакција

И цариник вклучен во обидот за шверц на 43. килограми злато на скопскиот аеродром

Редакција