еМагазин
Image default
Македонија

Одобрено обвинението за сообраќајката кај Сити мол

Со оглед на повеќе новинарски прашања за обвинителниот акт поврзан со сообраќајната несреќа која на 20.01.2022 година се случи пред трговскиот центар Сити мол во Скопје, ја информираме јавноста дека советот за оценка на обвинителен акт, по одржана седница, донесе решение со кое приговорите се одбиваат, а актот против обвинетиот Ј.Ѓ., осомничен за кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 в.в со чл. 297 ст.1 од КЗ, се одобрува во целост, информираат од Основен кривичен суд Скопје.

“Врз основа на оценетиот обвинителен акт формиран е кривично – правен предмет со К.бр 496/22 кој согласно АКМИС – системот ќе биде распределен на понатамошно постапување, а штом ќе биде насрочен термин за главна расправа истиот ќе биде објавен на веб страната на судот во делот „Календар на судења““, велат од судот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се отвара почесен конзулат на Албанија во Битола: Имер Селмани почесен конзул

Редакција

Одложено првото рочиште против докторите кои и извадија три органи на родилка

Редакција

Ревакцинирани вкупно 212.201 граѓани

Редакција