еМагазин
Image default
Локално

Ограбен таксист во Скопје

Три непознати лица ограбиле таксист во скопското село Морани, соопшти денеска МВР.

На 19.08.2018 година во 00.05 часот во Единицата за информации и команда Скопје, М.Г. (58) од Скопје пријавил дека на 18.08.2018 година околу 23.40 часот во с.Морани три непознати лица извршиле разбојништво над него.

Со такси возило ги превезувал лицата и кога застанал да наплати, едно од лицата со закана со нож му одзело околу 2.500 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривични пријави за седум лица кои направиле хаос на пазарот во Струмица

Редакција

Скопјанец од граница спроведен во затвор

Редакција

(Фото) Како почна ски-сезоната на Попова Шапка: Со скиите на рамо по планината пешки, “пошто“ ски-лифтот тргни-застани-застани

Редакција