еМагазин
Image default
Локално

Охриѓанка пријавила измама од неготинка

Охриѓанка вчера пријавила измама од неготинка, информираше денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

„Вчера во 13.30 часот во Полициската станица Неготино, Б.М.(41) од Охрид пријавила дека била измамена од С.В. од Неготино.

Според пријавеното, С.В. ѝ ветила дека ќе посредува за работа во странство и дека ќе и исплаќа договорена сума на пари кои ќе ги зема од странскиот работодавач, но, по три месеци работа ништо не ѝ било исплатено“, појасни Додевски.

Тој додаде дека се работи на расчистување на случајот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична за вработен во МВР кој одобрувал возачки дозволи за лица без положен испит

Редакција

На Табановце приведен Полјак кој „гласно“ сакал да ја напушти земјава

Редакција

Денеска и утре ќе бидат затворени улици низ Скопје, поради митинзи

Редакција